Ѓоковиќ по епска битка обезбеди четвртфинале на Ролан Гарос


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на Ролан Гарос откако го совлада Франсиско Серундоло со 6-1, 5-7, 3-6, 7-5 и 6-3.

Ѓоковиќ водеше голема битка против Аргентинецот, кој беше блиску до победа, но Србинот не дозволи изненадување и на крајот се радуваше по четири ипол часа игра на теренот.

Најдобриот играч во светот во следното коло ќе се соочи против подобриот од мечот меѓу Тејлор Фриц и Каспер Руд.