Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го декласира Рафаел Надал со 6-1 и 6-4 во второто коло на Олимписките игри во Париз.
Ѓоковиќ доминираше во двата сета и стигна до 31. победа во 60. дуел против Надал со што покажа дека е подобар од вечниот ривал.
Србинот кажа дека постои голема почит меѓу нив, но ништо повеќе од тоа.
„Не постои братство. Ние сме ривали и колеги. Тешко е да се биде близок со конкурент. Долго време сме во спортот, се надевам дека ќе го подобриме нашиот однос во иднина“, кажа Ѓоковиќ.