Ѓоковиќ по победничкиот старт: Ја исполнив главната цел!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше успешен старт на завршниот турнир во Торино, каде што славеше со 2-1 во сетови против Холгер Руне.

Ѓоковиќ со победата го обезбеди и првото место на АТП-листата на крајот на годината по осми пат во кариерата.

Зад Ѓоковиќ во оваа конкуренција се Пит Сампрас кој шест пати завршил прв на крајот на годината, а потоа следат Џими Конорс, Роџер Федерер и Рафаел Надал со по пет пати.

„Важна ми е победата. Главната цел ја исполнив, сè останато е бонус. Мило ми е што победив“, кажа Ѓоковиќ.