Ѓоковиќ пред 17 години ја освои првата АТП-титула во кариерата (Видео)


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на 23 јули 2006 година ја освои првата АТП-титула во кариерата, откако во финалето во Амерсфорт славеше со 2-1 во сетови против Николас Масу.

Ѓоковиќ во 2006 година беше рангиран на 36. место во светот, додека на турнирот во Холандија пристигна како четврти носител.

Србинот во истата година го освои и турнирот во Мец, кога беше подобар во финалето од Јирген Мелцер.

Ѓоковиќ во 2007 година стигна до топ-3 и освои два Мастерси од серијата 1000, а играше и полуфинале на Ролан Гарос и Вимблдон, додека на Ју-Ес Опен беше поразен од Роџер Федерер.