Ѓоковиќ прекина тренинг за да ѝ помогне на жена (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ повторно ги воодушеви своите фанови затоа што реши да прекине тренинг за да ѝ помогне на една жена.

Ѓоковиќ се наоѓа во Париз, каде што треба да настапи на турнир, а притоа реши да го прекине неговиот тренинг за да ѝ помогне на една жена која имаше проблеми со куферите.

„Во ваква ситуација, тој веројатно и мене би морал да ме носи заедно со куферите бидејќи ќе се онесвестам од возбуда“, е само еден од позитивните коментари на сметка на Србинот.

Мастерсот во Париз ќе почне денеска, а Ѓоковиќ е шести носител и ќе се обиде да ја освои седмата титула.