Ѓоковиќ прогласен за најдобар тенисер на деценијата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) го прогласи Новак Ѓоковиќ за најдобар тенисер во минатата деценија.

Ѓоковиќ остварил најголеми успеси во минатата деценија и ги остави зад себе Рафаел Надал, Роџер Федерер, Енди Мареј и Станислав Вавринка.

Србинот во последните десет години освои 61 титула, од кои 15 се гренслем трофеи, четири се од Завршните турнири и 29 се од Мастерс серијата.

Исто така, оствари и некои други успеси како тоа дека е прв тенисер во историјата, кој ги освоил сите Мастерс и ги обединил титулите на сите четири гренслем-турнир, а пет години од минататите 10 завршуваше на прво место.

Зад Ѓоковиќ по број на титули се Надал со 48 и Федерер со 42, па следат Мареј со 32 и Вавринка со 15 трофеи.