Ѓоковиќ: Ролан Гарос ми е главна цел, не очекував да бидам прв на АТП-листата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ утре ќе ја почне 365. недела на првата позиција на АТП-листата, а тоа е 12 помалку од апсолутниот рекорд кој го има Штефи Граф, и покрај тоа што не играше на Австралијан опен, ниту на американските Мастерси.

Ѓоковиќ вели дека не очекувал да биде прв на АТП-листата затоа што пропушти многу турнири.

„Не очекував да бидам прв на АТП-листата, имав и малку среќа. Да се биде број еден во нашиот спорт е најголемо достигнување и ќе се обидам да ја задржам таа позиција. Пораснав на земја во Србија и многу години играв на неа. Освојувањето на Ролан Гарос минатата година ми е во спомените, а турнирот во Париз ќе ми биде најважен на оваа подлога и оваа сезона“, вели Ѓоковиќ.