Ѓоковиќ се скара со британските навивачи: Одете дома да се наспиете!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ славеше против Камерон Нори со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-4 и така ѝ обезбеди пласман на Србија во полуфинале на Дејвис Купот.

За време на натпреварот Ѓоковиќ постојано добиваше провокации од британските навивачи на кои им испрати кратка порака.

„Одете дома да се наспиете“, им кажа Ѓоковиќ.

Србинот се пожали и на прес-конференцијата за односот на навивачите кои намерно се обидуваа да му пречат.