Ѓоковиќ со порака до Израел и Палестина: Како дете растев во војна…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше подобар од Томас Мартин Ечевери во второто коло на Мастерсот во Париз, а потоа испрати порака до Израел и Палестина.

Двете земји се во воен конфликт, а новинарите му поставија прашање на Србинот што мисли за војната.

„Како дете кое растеше во војна, повреден сум од тоа што се случува во светот. Не само во Израел и Палестина, туку низ целиот свет. Страшно е. Испраќам љубов до сите цивили кои страдаат и се надевам дека наскоро сè ќе заврши“, кажа Ѓоковиќ.