Ѓоковиќ со порака од Мелбурн: Снимам документарен филм, сѐ ќе видите на малите екрани


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ на прес-конференцијата за новинарите доби прашање за тоа каква повреда заработи пред неколку меча, на што Србинот не сакаше да даде одговор.

Српските медиуми потоа го прашаа колку време бил на рехабилитација.

„Рехабилитацијата претставува 100% од мојот ден, пет дена минав на одмор. Снимам документарен филм, тоа ќе се види на малите екрани, до крајот на годинава, можам да го најавам и тоа“, кажа Ѓоковиќ.

Многу познати спортисти се решија на ваков чекор, а Енди Мареј претходно сними низ каков пекол мораше да мине.

„Запишувам многу работи кои ги доживувам во овој период, во последните неколку месеци, па ќе имате можност да го видите тоа“, кажа Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ со триумф против Аслан Карацев со 3-0 во сетови се пласираше во финале на Австралијан опен.