Ѓоковиќ со свирежи од публиката се прости од Ју-Ес Опен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ нема да ја брани титулата на Ју-Ес Опен, откако настапот на последниот гренслем го заврши во осминафиналето.

Ѓоковиќ го предаде мечот против Станислав Вавринка при резултат 4-6, 5-7 и 1-2 за швајцарскиот тенисер.

Српскиот тенисер поради проблемите со повреда не беше на свое ниво, а во текот на цел меч имаше големи падови.

Вавринка во првиот сет направи брејк во петтиот гем, додека сигурен беше на свој сервис за 6-4 по 47 минути игра.

Во вториот сет Ѓоковиќ прв стигна до брејк, па поведе со 3-0, но на крајот загуби во сетот со 5-7.

Потоа побара медицинска помош, во третиот сет беа одиграни три гема, по што Србинот забележа дека не може да игра и го предаде мечот, а притоа доби големи свирежи од страна на фановите.