Ѓоковиќ во центар на внимание поради 10 евра: Ништо не направи, а сите зборуваат за тоа! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го крена трофејот на Мастерсот во Рим, кој му беше 36. во кариерата, со што урна уште еден рекорд во светот на тенисот.

Меѓутоа, наместо да се зборува за неговиот успех и одличен меч на земјен терен, и тоа веднаш по дисквалификацијата на Ју-Ес опен, сепак во центар на внимание е наградниот фонд од Рим, на кој Србинот нема никакво влијание.

Освојувачите на Мастерсот во Рим, во машка и женска конкуренција (Ѓоковиќ и Халеп) требаше да добијат иста сума на пари, но тоа не се случи.

Ѓоковиќ заработи 205.200 евра, додека Халеп доби 205.190 евра, односно 10 евра помалку, а тоа го забележа американскиот новинар Бен Ротенберг, кој ги обвини организаторите за се*сизам.