Ѓоковиќ: Во ова финале ќе играм како да ми е последен меч во кариерата!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ во недела ќе се бори за титулата на Ју-Ес опен и рекордна 21. титула од најголемите турнири.

Србинот во полуфиналето на Ју-Ес опен го совлада Александер Зверев со 4-6, 6-2, 6-4, 4-6 и 6-2, па сега му претстои борбата за четвртата гренслем-титула годинава.

„Следниот меч ќе го третирам како да ми е последен во кариерата. Ќе го дадам своето срце, душа, тело, својата глава за да победам. Им благодарам на навивачите, атмосферата беше одлична. Ова се моменти за кои живееме. Знаев дека ќе има голема борба. Зверев е голем шампион на кој му се восхитувам“, кажа Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ во моментов е израмнет по број на гренслем-трофеи, односно има 20 колку и Роџер Федерер и Рафаел Надал.