Ѓоковиќ во текот на мечот мораше да зема кислород поради високи температури!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфинале на Олимписките игри во Токио.

Србинот го продолжи походот на златен медал на Олимпијадата  кој му недостига во богатата кариера.

На Ѓоковиќ поголем проблем од ривалите му создаде лошото време, кое овие денови во Токио е неподносливо.

Српскиот тенисер имаше проблеми, па си зема кислород кој го конзумираше од време на време за да ја избегне судбината на Данил Медведев, кој го праша претходно судијата дали ќе одговара некој ако му се случи нешто.