Ѓоковиќ за Австралија Опен: Чекам да ми ја укинат казната, а потоа…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во јануари беше депортиран од Австралија и доби забрана за влез во земјата во следните три години, но ситуацијата би можела да се промени.

Ѓоковиќ сака да игра на првиот гренслем-турнир во сезоната, а по победата против Кристијан Гарин во Астана им кажа на новинарите дека ја чека конечната одлука.

„Чекам да ми ја укинат забраната, а потоа ќе аплицирам за виза, по што се надевам дека нема да има проблеми. Дефинитивно сакам да играм во Мелбурн во 2023 година“, вели Ѓоковиќ.