Ѓоковиќ за само 70 минути стигна до трофејот во Токио


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ славеше на турнирот во Токио, откако во финалето го победи Џон Милман за еден час и 10 минути со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-2.

Србинот беше голем фаворит уште на стартот на турнирот, па на крајот ја оправда улогата и лесно стигна до својата 76. титула на АТП-турнејата.

Ова за него беше прв трофеј уште од Вимблдон, а турнирот во Токио од серијата 500, се играше и за награден фонд од 1.895.290 долари.

Австралијанецот денеска немаше ниту една брејк шанса и тоа доволно зборува за доминацијата на Ѓоковиќ во финалето на турнирот во Токио.