Ѓоковиќ згрме: Ова не е фер, ќе загубам 4.000 бодови без можност да ги бранам!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е бранител на титулата во Вимблдон, па поради тоа е најмногу погоден со одлуката на АТП да ги одземе бодовите од турнирот оваа сезона поради тоа што организацијата на турнирот ги суспендираше руските и белоруските тенисери.

Ѓоковиќ реши да ја искоментира ситуацијата во која тој испадна најголема жртва.

„Можеа да ги замрзнат бодовите од минатата година. Ова не е фер кон мене, како и кон другите кои имаа одлични резултати. Бодовите се топат, а јас немам можност да ги бранам поради политка. Ќе загубам 4.000 бодови оваа година без можност да ги бранам. Индивидуално тоа влијае негативно на мене. Разговарав со менаџерот и претседателот на АТП“, вели Ѓоковиќ.