Ѓоковиќ: Знам дека сите очекуваат златен медал, подготвен сум за тоа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ е свесен дека сите од него очекуваат да го освои златниот медал на Олимписките игри, но додава дека знае како да се избори со притисокот.

Србинот во Токио замина како прв рекет во светот и актуелен шампион на Австралијан опен, Ролан Гарос и Вимблдон.

„Знам дека сите од мене очекуваат да го освојам златниот медал во Токио, а би сакал и јас, тоа не е тајна. Со годините научив како да се борам со притисокот и ќе го употребам тој рецепт. Колку си повозрасен, колку натпревари имаш зад себе, толку ти се зголемува самодовербата за следните предизвици“, вели Ѓоковиќ.