Ѓоковиќ: Знам како е да немаш ништо на маса, секое евро го заработив со пот, солзи и труд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ освои уште еден трофеј на завршниот мастерс во Торино, откако во неделата славеше со 2-0 во сетови против Каспер Руд.

Ѓоковиќ ја дополни својата колекција со уште една титула, а притоа заработи 4,7 милиони долари, по што на прес-конференција зборуваше за наградите кои ги добиваат тенисерите.

„Луѓето може да видат колку заработуваме. Тоа што не пишуваат медиумите се даноците и другите трошоци, но тоа е во ред. Не можам да зборувам за пари како еден од проблемите во мојот живот. Знам како е да немате ништо на маса. Секое мое евро е заработено со труд, пот и солзи. Ништо не земам здраво за готово“, вели тој.