Голден Стејт прокоцка триумф за седум секунди против Јута (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шампионот Голден Стејт може да жали затоа што загуби со 123-124 од Јута Џез, иако на само седум секунди пред крајот имаше водство од четири поени.

Голден Стејт настапи без најголемите ѕвезди Стеф Кари, Дрејмонд Грин и Ендрју Вигинс, но без разлика на тоа беше блиску до победа, која сепак ја прокоцка во завршницата.

Јута по 27 одиграни меча се наоѓа на шестата позиција со 15 победи и 12 порази, додека Голден Стејт е на 10. место со 13 триумфи.