Голеада во првиот дел, возбудливото „Мерсисајд дерби“ му припадна на Ливерпул (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ливерпул го продолжува непогрешливиот чекор во Премиер лигата откако денеска успеа да слави во „Мерсисајд дербито“ против Евертон со убедливи 5:2.

„Црвените“ ја контролираа играта од стартот на натпреварот и многу рано, уште во   6. минута поведоа со голот на Дивок Ориги.  Во 17. минута веќе беше 2:0 за Ливерпул затоа што Шаќири ја затресе мрежата на Евертон.

„Карамелите“ се вратија со голот на Мајкл Кин во 21. минута, но десет минути подоцна Ориги со својот втор погодок ја врати предноста од два гола. Во 45. минута Садио Мане зголеми на 4:1, а во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме Ричарлисон намали на 4:2.

По возбудливото прво полувреме, следеше мирно второ полувреме во кое падна само еден погодок кој беше постигнат во 90. минута, а беше дело на Џиџи Вајналдум.