Голем пех за Маурицио Сари пред реванш средбата со Ајнтрахт


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Играчот од средината на теренот Нголо Канте нема да игра во реваншот од полуфиналето на Лига Европа против Ајнтрахт поради повреда на задната ложа.

Францускиот фудбалер повредата ја заработил против Вотвфорд минатиот викенд, а менаџерот Сари истакна дека одлуката да не го одмори на тој дуел била погрешна.

„Имаше проблеми со задната ложа, но не е толку сериозно, сепак ќе паузира две недели. Аку се пласираме во финалето, големи се шансите да заигра, но ќе видиме.“– изјави Сари.

Финалето од Лига Европа е закажано за 29 -ти мај, а Челси ќе треба да одигра далеку подобро од првиот полуфинален натпревар во Франкфурт каде ремизираше 1:1 доколку сака да се најде таму.