Голем проблем за Наполи: Ѕвезда во солзи го напушти теренот, нема да игра против Барселона?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наполи се соочува со голем проблем на пет дена пред реваншот од осминафиналето во Лигата на шампиони против Барселона.

Лоренцо Инсиње вчера се повреди во победата од 3-1 против Лацио и со солзи во очите го напушти теренот, па тој најверојатно нема да игра против Барселона.

Според првите информации на медицинскиот тим на Наполи, Инсиње има проблем со истегнат мускул, но повеќе детали ќе има во следните 48 часа.

Меѓутоа, на прв поглед повредата не изгледа наивно и можно е Наполи да заигра против Барселона без него.

Првиот меч меѓу овие екипи заврши 1-1, а реваншот се игра следната недела.