Голем трансфер во НБА: Неодамна постигна 51 поен, а сега Леброн го бара во Лејкерс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Леброн Џејмс ќе се обиде повторно да го однесе Лос Анџелес Лејкерс до шампионскиот прстен, но свесен е дека за такво нешто му требаат засилувања на тимот.

Леброн пронашол талентиран кошаркар, кој веднаш го препорачал на управата на Лејкерс, а станува збор за Зак Лавин.

Ѕвездата на Чикаго булс наводно е незадоволна во тимот затоа што не се бори за титулата и наскоро би можел да се пресели во Лејкерс.

Лавин во просек постигнува по 21,3 поени и 5,1 скок, додека против Детроит пистонс неодамна постигна 51 поен.