Голем удар за Манчестер јунајтед во најлош можен момент!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Рафаел Варан ќе мора да паузира околу две недели, а информацијата ја потврдија од премиерлигашот.

Французинот доживеа повреда на мускул во финалето на Лигата на нации, а Јунајтед ја потврди информацијата преку социјалните мрежи.

Тоа е голем проблем за тренерот Оле Гунар Солскјер, зашто пред Јунајтед е еден од најтешките периоди сезонава.

Јунајтед има тешки гостувања и дербија, а прво почнуваат против Лестер, по што следат Аталанта, Ливерпул, Тотнем, Аталанта, Манчестер сити и тоа во период од 16 октомври до 6 ноември.

Не треба да се заборави дека ниту Хари Мегваер не е во можност да му помогне на Солскјер, па тоа ќе биде голем проблем за „црвените ѓаволи“.