Големата прослава на „росонерите“ по триумфот против Лацио 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан славеше против Лацио (3-2) во италијанската Серија А и така ќе влезе во 2021 година на првата позиција, а веднаш зад нив е градскиот ривал Интер.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли по натпреварот ги собра сите фудбалери на центарот на теренот и ја прослави големата победа, која им ја посвети на навивачите.

„Ги повикав за да им честитам Божиќ затоа што знаев дека едвај чекаат да одат кај своите семејства. Успеавме да победиме и само тоа е важно. Ги остваривме нашите планови за оваа година бидејќи како што можете да видите ние сме први на табелата. Сакаме да продолжиме во овој ритам и наредната година“, вели Пиоли.