Големи промени на дресот на Манчестер Јунајтед за новата сезона

Адидас максимално се потруди.

Екипата на Манчестер Јунајтед го претстави дресот во кој ќе настапуваат од наредната сезона.

Се работи за главната гарнитура на дресови, а долку се суди според фотографиите, дресот навистина изгледа неверојатно.

Адидас се потруди дресот да добие поинаков изглед во однос на минатата година. Заштитниот знак на клубот е јасно истакнат во црно-златна варијанта, а на дресот и понатаму ќе стои знакот на Шевролет.

Исто така, заменети се црните линии на Адидас на рамениците, баш како и долниот дел на дресот кој во минатото беше во црно-црвена боја.

Значително е променет и изгледот на голманската гарнитура, која сега е дизајнирана во многу интересни бои во однос на минатосезонската зелена варијанта.

Во продолжение можете да погледнете како ќе изгледа дресот на Црвените Ѓаволи…