Големо враќање на „Сантијаго Бернабеу“: Ѕвезда на Дортмунд се сели во Реал Мадрид!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Агентот на Ашраф Хакими, десниот бек на Борусија Дортмунд потврди дека неговиот клиент на крајот на сезоната се враќа од позајмица во матичниот клуб Реал Мадрид.

Хакими во моментов важи за еден од најдобрите десни бекови во светот, а од Реал замина во јули 2018 година на двегодишна позајмица во Борусија.

„Тој сега е најдобар десен бек во светот. Сите големи тимови во Европа го сакаат, како и Реал Мадид. Ние се враќаме во Шпанија“, кажа агентот на Хакими.

На големо незадоволство на навивачите на Реал, Хакими не се врати порано во Мадрид, иако требаше да се случи нешто такво.