Голманот на ПСЖ се заканувал дека намерно ќе прима голови и ќе губи натпревари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кејлор Навас, голманот на ПСЖ, се најде во центар на скандал деновиве поради репрезентацијата на Костарика.

Костарика го воодушеви светот на Мундијалот во 2014 година, кога се пласираше во четвртфиналето, каде што беа поразени од Холандија по пенали.

Меѓутоа, по настапот во Бразил се создаде голем хаос во репрезентацијата. Фудбалскиот сојуз реши да го отпушти Хорхе Луис Пинто, а тоа беше изненадување за сите.

Пинто кажа дека го отпуштиле затоа што репрезентативците го предале, а потоа почна да открива детали од скандалот.

Поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Костарика, Едуардо Ли, потврди дека Навас бил на состанок и дека тој и соиграчите Брајан Руиз и Селсо Боргес се заканиле дека повеќе нема да играат ако Пинто остане, додека Навас порачал дека ќе прима голови намерно.