Голманот тргна против Ибрахимовиќ, но подобро ќе беше да не го направеше тоа

ЛА Галакси за време на овој викенд играше натпревар против Њујорк Сити, каде што гостите славеа со резултат од 0:2.

Златан Ибрахимовиќ повторно се најде во судскиот записник, но не во рубриката за „стрелци“ туку во онаа наменета за жолти картони.

Во финишот од натпреварот, контроверзниот напаѓач после едно промашување и недоразбирање со голманот Шен Џонсон се стекна со нова јавна опомна.

Ибрахимовиќ ја погоди пречката, а потоа голманот го турна одзади но Швеѓанецот со босански корења спремно го дочека.

Го фати Џонсон за врат и двајцата завршија на земја. Судијата Пенсо го заврши инцидентот така што на двајцата играчи им подели жолти картони.