Ѓорческа напредуваше за 30 позиции на ВТА-листата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше на најновата ВТА-листа за 30 позиции и се искачи на 186. место.

Ѓорческа ја освои титулата во Куршумлиска Бања и со тоа се доближи до својот најдобар пласман во кариерата, односно 170. место.

Македонската тенисерка бележи постојан напредок во изминатите два месеци, каде што играше двапати во финале, еднаш во полуфинале и еднаш во четвртфинале.

Ова е прва титула на Ѓорческа во 2023 година, а вкупно има освоено 13 во сингл-конкуренција.