Ѓорческа подобра од Рочети за место во полуфинале во Грција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжи да реди победи во Грција, откако денеска славеше против Софиа Рочети со 2-0 во сетови, односно 6-1 и 6-4.

Ѓорческа ја декласира нејзината противничка во првиот сет со 6-1, додека во вториот сет Италијанката покажа знаци на живот, но не можеше да излезе на крај со фантастичната македонска тенисерка.

Македонската тенисерка за финале ќе се бори против Мирами Бјанка Булгару, која претходно славеше против Марта Матоула со 2-0 во сетови.