Ѓорческа со голем напредок на ВТА – сега е на 275. место во светот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа имаше многу добар настап на турнирот во Визбаден, Германија, каде што стигна до полуфинале на турнирот, а тоа и донесе голем напредок на ВТА-листата.

Ѓорческа беше фантастична во текот на целиот турнир, а тоа ѝ донесе напредок од 52 позиции на најновата ВТА-листа, па сега таа се наоѓа на 275. место со 238 бодови.

На врвот на ВТА се наоѓа Ешли Барти, по што следат Сабаленка и Плишкова.