Ѓорческа загуби во четвртфиналето на турнирот во Астана


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби во четвртфиналето на турнирот во Астана, Казахстан.

Ѓорческа загуби од 22-годишната Анастасија Тихонова со 3-6 и 5-7, иако имаше шанси против Русинката која веќе некое време игра во одлична форма.

Македонската тенисерка имаше водство од 5-2 во вториот сет, но следеше пад во играта и тоа го искористи Тихонова за целосен пресврт.