Ѓорѓиев освои нова титула со АЦХ Волеј Љубљана


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот одбојкар Никола Ѓорѓиев и неговиот тим АЦХ Волеј Љубљана станаа шампиони на Словенија, откако во финалето го надиграа Калчит Волеј со 3-0.

Екипата на Ѓорѓиев во последниот меч славеше со 3-1 во сетови и така ја потврди доминацијата во домашното првенство.

АЦХ Волеј претходно го освои и Купот на Словенија, а беше најдобар и во МЕВЗА-лигата, па така Ѓорѓиев имаше успешна сезона со словенечкиот тим.