Гори низ улиците во Мадрид: Ѕвездите на Реал имаа неверојатен пречек (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид ќе го дочека Манчестер сити во реваншот од Лигата на шампиони (ЛШ), а премиерлигашот има водство од 4-3 од првиот натпревар и се очекува возбудлив натпревар.

„Кралевите“ ја освоија титулата во Ла Лига, а навивачите вечерва решија да направат вистински спектакл.

На улиците кои водат до „Сантијаго Бернабеу“ беа илјадници навивачи кои со песна и факели го испратија автобусот со своите ѕвезди.