Готово е: Челси добива нов тренер, познати се деталите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси вчера го отпушти Томас Тухел, а сопственикот на тимот Тод Боели тргна по негова замена и веднаш се договори со Граам Потер од Брајтон.

Двете страни постигнале усмен договор за повеќегодишен проект, а документите се подготвени за да бидат потпишани.

Челси сега треба да дискутира со Брајтон за отштетата која треба да му ја исплатат на премиерлигашот затоа што ќе им го отстапи тренерот.

Газдата на лондонскиот гигант во моментов работи и на ангажман на уште еден важен човек во клубот, а тоа е нов спортски директор кој треба да го предводи новиот проект на клубот.