Готово е, Челси има нов голман, се чека само официјализација


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси и Рен се договориле за трансферот на 28 годишниот голман Едуард Менди на „Стемфорд Бриџ“.

Менди не тренирал со тимот на Рен во текот на денешниот ден и нема да биде во составот за дуелот со Ним кој ќе се игра во недела.

28 годишниот чувар на мрежата откако се појави интересот од Челси веднаш им кажал на првите лица во клубот дека сака да го остават да си оди ова лето.

Тој во Челси ќе претставува конкуренција за Кепа Аризабалага кој повторно сезоната ќе ја започне како прв голман, но позицијата нема да му биде сигурна.