Готово е, Челси официјализираше големо засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Челси го официјализираа договорот на Бен Чилвел кој во клубот пристигна од редовите на Лестер.

Чилвел со тимот од „Стемфорд Бриџ“ потпиша петгодишен договор, а Челси на „лисиците ќе им плати сума од 50 милиони фунти за овој трансфер.

„Пресреќен сум што ќе се приклучам на Челси во овој возбудлив период за клубот. Со нетрпение очекувам да почнам со овој млад и динамичен состав воден од Френк Лампард.

Не можам да дочекам да започнам и се надевам дека нема да чекаме многу за да играме пред фановите на „Стемфорд Бриџ“ –изјави Чилвел.