Готово – Милан доби нов лидер во одбраната!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека се е завршено.

Фудбалскиот клуб Милан го договори трансферот на Матео Мусачио од Виљареал.

Со доаѓањето на кинеските инвеститори во клубот, Милан на располагање ќе има огромна количина на пари да формира тим, а аргентинскиот фудбалер беше специјална желба на новиот тренер Винченцо Монтела.

Милан првобитно понуди 20 милиони евра, Виљареал бараше 30, но клубовите се најдоа на златната средина, па неговиот трансфер ќе изнесува 25 милиони евра.

Да потсетиме, Милан е заинтересиран за бројни играчи, а најчесто се споменува уште Марко Пјаца, кој наскоро може да се придружи на екипата, како и Матео Ковачиќ од Реал Мадрид.