„Граѓаните“ се тресат: Гвардиола уште една сезона, па „фаќа магла“ од Манчестер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пеп Гвардиола нема да остане тренер на Манчестер сити по 2021 година во Англија, а иако навивачите се нервозни поради тоа, сепак управата на клубот очигледно не се грижи премногу.

Гвардиола одби да преговара за нов договор, па јасно е дека за две години ќе го напушти Сити, а што ќе биде потоа, никој не знае во моментов, но најверојатно искусниот тренер ќе земе една година одмор.

Во секој случај, Сити веќе пронашла замена за Гвардиола и тоа наводно станува збор за Микел Артета, кој би можел да биде нов тренер на клубот.

Артета летово имаше понуда од Њукасл, а иако таа беше примамлива, сепак 37-годишниот Шпанец остана во Манчестер, зашто наводно му било ветено дека ќе го преземе тимот по Гвардиола.