Гранит Џака ги договори сите услови со новиот клуб

Членот на швајцарската репрезентација Гранит Џака ја продолжува кариерата во Германија.

Уште минатата недела, германскиот Скај објави дека Џака заминува во Будеслигата во јануари кај Јирген Клинсман и играчот од средниот ред на Арсенал сега е на чекор од Херта.

Херта допрва треба да постигне договор со Арсенал, но агентот на играчот тврди дека тоа би можело да заврши наскоро.

“Се договоривме со Херта и би сакале да заминеме во Берлин. Ние му рековме на клубот и на новиот тренер Микел Артета дека сме заинтересирани за трансфер во Херта”, откри агентот на Џака.

Според агентот, останува Арсенал да ја прифати понудата на Херта и да го заврши трансферот во јануари, иако прашање е дали новиот тренер на Топџиите има желба да ги задржи Швајцарецот, бидејќи неодамна рече дека го обожава и сакал да го донесе во Сити.