Грчевски ги избра ракометарките за дуелите со Азербејџан и Литванија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе одигра два меча во квалификациите за Европското првенство (ЕП), а селекторот Кристијан Грчевски ги избра ракометарките.

Грчевски го скрати списокот со ракометарки за дуелите, па така отпаднаа Кицеска, Дабевска и Божиновска од конкуренција, додека дополнително беа повикани Кирова, Стефаноска и Ризоска.

Македонија на 3 април ќе се соочи против Азербејџан, додека четири дена подоцна ќе игра против Литванија.