Гризман мечтаеше да игра со Меси, но за Аргентинецот како да не постои


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона во неделата играше пријателски меч со Арсенал и победи со 2-1, но во овој дуел беше забележана занимлива ситуација.

Меси поради повреда не играше во неделата, па од клупата го следеше мечот на Ноу Камп, додека повторно прилика доби Гризман кој ова лето како големо засилување пристигна во Барселона.

Кога излезе од игра, францускиот напаѓач се ракуваше со сите, но Меси тогаш гледаше во далечината и се чини дека немаше ни желба да му пружи рака на својот нов соиграч.

Додека Гризман повеќе пати има изјавено пофални зборови за Меси, Аргентинецот не покажува знаци на среќа што голгетерот пристигна од Атлетико Мадрид.

„Најдобар е. Кога говори, цел свет го слуша и тој тоа го знае. Сакам да го запознаам, да го гледам на тренинзи, да играм со него… Размислував за тоа и кога легнувам, гледам видеа од него. Ќе биде навистина убаво да играме заедно“, говореше Гризман откако трансферот се комплетираше.

Сепак инсертите од клупата на Барса во текот на мечпт не изгледаат весело. Гризман делува осамено. Меси не сака ни да го погледне, но останува да се види дали тоа ќе направи проблем во текот на новата сезона.