Гризман со прослава на голот проба да го имитира ЛеБрон Џејмс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Антоан Гризман синоќа одигра одличен меч во победата на Барселона против Бетис со 5-2.

Каталонскиот клуб дојде до првата победа во новата сезона, а еден од најдобрите на теренот беше Гризман кој постигна два гола и пред навивачите на Барса се претстави во најдобро издание.

Посебно импресивен беше вториот гол за водство на Барса од 2-1.

После голот Гризман имаше и занимлива прослава кога фрли конфети со рацете. После мечот тој откри дека сакал да го имитра ЛеБрон Џејмс кој нешто слично прави пред почеткот на секој НБА натпревар.

„За ваква прослава долго размислував. Пробав да го имитиран она што го прави Леброн Џејмс и се надевам дека барем малку успеав во тоа“, рече Гризамн после мечот.