Грција пред 12 години стана шампион на Европа


Дерби во Англија, Столе против кралевите во Мадрид ↓↓↓


Сензација. Така може да се опише Европското првенство во Португалија во 2004 година кое ни помалку ни повеќе го освои Грција.

Никој не ни помисли дека пред 12 години на денешен ден токму тие ќе бидат кои ќе го подигнат пехарот за најдобра репрезентација во Европа.

Се почна од групата. Во првиот натпревар силите ги одмерија со домаќините. На изненандување на навивачите на Португалија, Грција славеше со резултат 2:1.

Потоа покажаа заби на сите кои им се најдоа на патот, а во финалето повторно ист противник.

Сите мислеа дека Португалија ќе им врати за поразот на отворањето на натпреварувањето, но така не мислеше Ангелос Каристеас кој во 57 минута од мечот го постигна голот вреден за титула.

Како што тогашното Евро почна така и се заврши, а грчкото освојвување на Евро остана едно од најголемите фудбалски сензации во историјата.