Гвардиол имал откупна клаузула: Челси сака да го купи, но дали има толку пари?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол игра одлично за Лајпциг, а имаше добар настап и на Мундијалот во Катар каде што Хрватска го освои третото место.

За услугите на Гвардиол се заинтересирани многу гиганти, а последните информации од Германија се дека Хрватот има откупна клаузула, но од истата многумина ќе ги заболи глава.

Гвардиол имал откупна клаузула од 110 милиони евра, но истата не можела да се активира пред 2024 година, па Челси и останатите тимови ќе мора да платат многу повеќе ако сакаат порано да го донесат во својот тим.

Хрватот неодамна потпиша договор до 2027 година со Лајпциг, па останува да видиме дали некој ќе се охрабри да испрати понуда следното лето.