Гвардиола доби награда за најдобар тренер, а Диас за најдобар играч во Премиерлигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола доби уште една награда сезонава бидејќи доминираше со Манчестер сити и ја освои шампионската титула во Англија.

Гвардиола неодамна ја доби и наградата за тренер на годината која ја доделува Асоцијацијата на тренери, а заедно со него дефанзивецот Рубе Диаш беше прогласен за најдобар играч во англискиот шампионат.

Гвардиола постави рекорд и по број на добиени натпревари. Меѓу 3 јануари и 2 март 2021 година „граѓаните“ победија на 13 меча по ред.

Исто така, Сити имаше и 21 победа во сите натпреварувања меѓу декември и март, како и 12 триумфи по ред на гостувањата.

Кандидати за тренерската позција беа уште и Марсело Биелса, Дејвид Мојс, Брендан Роџерс и Оле Гунар Солскјер.