Гвардиола доведува одлична замена за Харт


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тренер на клупата на Манчестер Сити ќе се обиде да доведе нов голман.

Гвардиола сака на голот да има некој како Мануел Ноер, а изгледа дека таков голман најде во Барселона.

После тоа што не успеа да се договори со Каталонците за Тер Штеген, сега се насочи кон Клаудио Браво.

Наводно тој е примарната цел на Гвардиола, а ќе се обиде да го искористи тоа што Чиленаецот е незадоволен во Барселона.