Гвардиола: Фоден е најдобар фудбалер во Премиерлигата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фил Фоден блесна во градското дерби меѓу Манчестер сити и Манчестер јунајтед (3-1) со два гола, а по мечот доби пофалби од тренерот Пеп Гвардиола.

Гвардиола кажа дека Фоден е најдобар фудбалер во Премиерлигата оваа сезона.

„За Фил веќе кажав дека е најталентиран фудбалер кој сум го видел во мојата кариера. Игра неверојатно и напредува постојано. Тој секогаш беше голем талент, но годинава е и неверојатно зрел. За мене нема дилема, Фоден оваа сезона е најдобар во лигата“, кажа Гвардиола.

Фоден оваа сезона постигна 18 гола и 11 асистенции во сите натпреварувања за „граѓаните“.